ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Во државата лани се затвориле 4.330 фирми

Во државата лани се затвориле 4.330 фирми

66

Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми, покажува анализата на порталот „Пари“.

Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми.

Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.

Во Скопје во 2023 година се затворени 1.440 фирми. Следуваат Битола со 263, Тетово со 248, Гостивар 198 и Куманово со 182. Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се уште пет македонски градови: Прилеп 174, Струга 154, Охрид 147, Струмица 133 и Велес 110.