Новак Ѓоковиќ мораше да игра три сета, но го победи првиот противник на Индијан Велс и продолжува со настапот на Мастерсот на кој важи за прв фаворит.
Српскиот тенисер за противник го имаше Александар Вукиќ, првиот сет мина според очекуваното и Ѓоковиќ го доби со убедливи 6:2, но австралискиот ривал покажа заби во продолжението.
Поведе со 3:0, потоа дозволи Ѓоковиќ да дојде до израмнување, а клучната разлика во сетот ја направи во дванасеттиот гејм за 7:5 и израмнување.
Ѓоковиќ сепак не дозволи целосно изненадување, во третиот сет направи брејк во петтиот гејм, а потоа ја потврди победата во деветтиот гејм за конечни 6:3.
Следен противник на Ноле ќе му биде Италијанецот Лука Нарди.