ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Скопје личните карти ќе се издаваат во полициските станици според местото...

Во Скопје личните карти ќе се издаваат во полициските станици според местото на живеење

112

Од понеделник започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициски станици според местото на живеење на граѓаните наведено во личната карта, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што велат тие, секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

Новиот начин на издавање лични карти, доаѓа откако МВР заклучило дека доставата на лични карти на домашна адреса била нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено, како што додадоа, го нема посакуваниот ефект кај граѓаните и полицајците кои биле задолжени за достава.

Таквиот начин на доставување лични карти започна кон крајот на јануари.

ПретходнаМО не ја исклучува можноста да прими на лекување војници од Украина, вели Петровска
СледнаЕрдоган: Турција цврсто стои зад лидерот на Хамас