Рамиз Мерко нема да седна на обвинителна клупа во Скопскиот основен суд-за скапите и луксузни автомобили ќе му суди струшкиот суд. Предметот, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, ќе биде доставен до Основниот суд Струга со оглед на тоа што надлежноста да постапува е на судот на чие подрачје е извршено кривичното дело.Станува збор за набавка наавтомобил Ауди А6 и 4-ри шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра кои Мерко во 2018-та година ги купи со пари од општината,без претходно одобрување на Годишниот план за јавни набавки од страна на Советот на Општина Струга,во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.
Ова доаѓа откако Основното јавно обвинителство после 6 годни поднесе обвинителен предлог за негово гонење,антикорупциска уште во 2019-та година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко,за да се утврди дали тој незаконски трошел државни средства спротивно на јавниот интерес и на законите.
И после 9 месеци откако САД го стави Рамиз Мерко на црна листа,власта немаше интерес да го гони, посебно не во овој момент кога се прават разни договори и планови за коалицирање со цел да се приграби власта и да се добијат изборите-велат од Центарот за европски стратегии, Евротинк.Од друга страна пак, една од главните критики на јавноста е селективата правда и непостапувањето во случаите кои се однесуваат на висока клорупција, како овој со Рамиз Мерко.
“Мислам дека се обидува да се намали, да се амортизира тоа незадоволство пред изборите, да се каже дека еве сепак се постапува и по овие предмети иако гледаме дека по многу други предмети не било постапувано.Иако знаеме дека би требало судството да биде независно од извршната власт, во практиката во многу случи сме виделе дека тоа не е така, дека има политички влијанија, така да и ова постапување јас би го ставил во таа категорија на политичко влијание” цени Димитар Николовски од Центар за европски стратегии
Не очекувам вели Николоски дека до изборите ќе има судска разврска за некој од предметите,а потоа се ќе зависи од тоа кој ќе дојде на власт. Судбината на Мерко во голема мера зависи од политичките прилики после изборите.
ТЕЛОП ОЈО : “Против наведеното лице во Основното јавно обвинителство Струга во моментов се активни десетина постапки, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓаат, обвинителството не е во можност да споделува повеќе детали”.
Инаку,од вкупно 30 заведени предмети од кои најстарите датираат од 2006-та година, во моментов против Мерко за периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник, се водат 16 предмети –но со измените за киривичниот законик речи сите застаруваат.Од судството и обвинителството, дигаат раменици и се амнестираат од одговорност иако постапките против Мерко фаќаа прашина во нивните фиоки цели 17 години.