ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СНЕГ на повеќе патни правци во Македонија – ова се деталите

СНЕГ на повеќе патни правци во Македонија – ова се деталите

1732

Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

ПретходнаМиро Кацаров проговoри за битката со подмолната болест: Чувствував дека ми се ближи смртта
СледнаДенес кандидатура за претседател поднесе Гоце – има рок до петок да собере 10.000 потписи