ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ и Левица се две страни на еден ист медал, смета Маричиќ

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се две страни на еден ист медал, смета Маричиќ

60

Сигурен сум дека кога Левица би можела да собере потписи за неколку часа би ги собрала и воопшто не би го отворала ова прашање на овој начин и жалам што се фокусираме на сосема непотребни теми, смета вицепремиерот Бојан Маричиќ во врска со изјавата на Билјана Ванковска, кандидатката за претседател од Левица, дека начинот на собирањето на потписи за неколку часа е подбивање со партиципативна демократија.

-Секој граѓанин отишол таму доброволно да се потпише. Ние сме партија со многуилјадно членство и секој член чувствува одговорност и желба да даде подршка на нашиот претседатлски кандидат и сите луѓе кои излегоа вчера таму, јас бев присутен таму, никој не ми наредил никој не ми кажал, видов многу луѓе мои сопартијци и не гледам во тоа никаков проблем – рече Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1.

За изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека кандидатурата на Ванковска и Јакимовски е да се поткопа потенцијалот на Силјановска, Мариќич посочи дека луѓето треба да се навикнат да има повеќе кандидати и дека е суверена одлука на секој политички субјект, и дека во зависност од тоа кој ќе собере потписи ќе има претседателски кандидат, затоа што плурализмот налага такви улови.

-Тоа што на Мицкоски не му се допаѓа да има повеќе кандидати, што би апелирале на истото гласачко тело не може да биде никакво оправдување. Сите овие коментари вклучително и претходниот оди во насока дека некои партии се уште сакаат да уживаат во монополите или да полагаат право на некакви монополи. Плурализмот е убавината на демократијата. И ако имало повеќе кандидати значи дека имаат што да кажат. Легитимно е секој кандидат да се измери на изборите, и се додека работиме и живееме во демократски систем тоа е нормално. Доколку му пречат на Мицковски зошто не направија коалиција Левица и ВМРО-ДПМНЕ? – праша Маричиќ.

Тој се осврна на тоа дека овие две партии се обидуваа да ја урнат владата со потписи и од каде тоа дека одеднаш Левица е со СДСМ, што претходно го имаат изјавено од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ и Левица се две страни на еден ист медал и не гледам никаква разлика во нивните ставови – посочи Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека очекува тесна изборна трка со предност на Пендаровски.
Тој го оцени и како крајно нереално наместо Стево Пендаровски да влезе во втор круг Максим Димитриевски.
Оние што сакаат да подржат социјал-демократски кандидат и кој се грижи за европските вредности, за потребите на граѓаните и за националниот интерес на Северна Македонија треба да го подржи Пендаровски, смета Маричиќ.

ПретходнаНЕ Е НЕВОЗМОЖНО ДА ОСВОИМЕ 61 ПРАТЕНИК Муцунски вели дека неопходна е позитивна кампања
СледнаМиро Кацаров проговoри за битката со подмолната болест: Чувствував дека ми се ближи смртта