ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Малолетник со тешки повреди донесен во клиника „Мајка Тереза“ – две различни...

Малолетник со тешки повреди донесен во клиника „Мајка Тереза“ – две различни верзии за тоа што се случило

240

Се тешки телесни повреди во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје пред два дена бил донесен малолетник од скопското село Љубин.

Според пријавеното од неговата мајка, на 1 март околу 12.50 часот во село Сарај, скопско, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б. (47) од Скопје.

Но, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.