ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Растат цените на становите и во внатрешноста – метар квадратен во Штип...

Растат цените на становите и во внатрешноста – метар квадратен во Штип и за 1200 евра

197

Од 850 до 1200 евра за метар квадратен, во зависност од локацијата и големината, се движат цените на становите во Штип. Интересот е поголем за помалите станови, па затоа се и поскапи. За две години се продадени над 650 станови. Ги купуваат претежно иселеници, луѓе од другите градови, но и странци. И додека од една страна побарувачката расте, повозрасните штипјани велат дека цените не се реални, па тешко младите кои работат овде можат да одвојат од своите примања за да вложат во недвижмости.

– Тешко и претешко, посебно за оние работници со 20 -22 000 денари примања. А, купуваат оние богаташите.

– Колкумина млади се направиле нешто, никој. Од нас што оставиме или препишеме. Две деца имам, се сум и јас дал- анкета штипјани

Од купопродажбата на становите по основ на даноци општината бележи зголемување на приходите за 30%, а се зголемува и ставката во буџетот за данок на имот. Лани се купени над 250 станови, а рекорден број продадени станови има во 2022-ра, вкупно 400, чија вредност се проценува од 20 до 30 милиони евра.

– Во 2022-ра има повеќе купено нови станови, отколку стари. Една четвртина се стари, а остатоток се претежно нови станови-изјави Драган Каров, сектор за администрирање на приходи-ЛС-Штип

Од Агенциите за недвижности велат дека интресот за купување на станови постојано расте, а има и листи на чекање. Ова се должи на трендот на вложување во недвижности, како и секаде низ регионот, а и поради фактот што Штип изминатите години прерасна во универзитетски и економски центар на истокот.

ПретходнаПоскапеа овошјето и зеленчукот
СледнаМедведев: Прислушкуваниот разговор покажува дека Германија се подготвува за војна со Русија