ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Улогата на Ванковска и Јакимовски на изборите е да го ослабнат...

Мицкоски: Улогата на Ванковска и Јакимовски на изборите е да го ослабнат потенцијалот на Силјановска-Давкова

185

„Тоа е вистинската тема со која треба да се занимаваме, што ќе прават овие луѓе во вториот круг, дали навистина ќе бидат опозиција како што тврдат или ќе продолжат да бидат опозиција на опозицијата и ќе го поддржат Стево Пендаровски доколку се квалификува во вториот круг“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За актулениот шеф на државата, кој денеска ги собра потребните 10 000 потписи, а вечерва на конгресот на СДСМ треба и официјално да ја добие поддршката на владејачката партија, Мицкоски рече дека граѓаните на изборите треба да му помогнат да се исели од државата, алудирајќи на изјава на Пендаровски во врска со миграцијата на македонските граѓани во други држави.

Кандидатите на ГРОМ и на Левица за претседател на државата, Стевчо Јакимовски и Билјана Ванковска, имаат улога да го ослабнат потенцијалот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата, Гордана Силјановска-Давкова, на претстојните претседателски избори. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашања откако го даде својот потпис на еден од пунктовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Според Мицкоски, двајцата кандидати ја имаат улогата на опозиција на опозицијата која, како што кажа, во првиот круг е само естрадна и прашањето е дали ќе останат „доследни измеќари на нивните работодавачи“ и во вториот круг од претседателските избори своите гласови ќе ги дадат на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, или ќе им кажат нешто друго на своите гласачи.

„Нивната улога е да се обидат да го ослабнат потенцијалот на Силјановска-Давкова, тие немаат друг капацитет ниту потенцијал. Но, мислам дека после резулатот од првиот круг на претседателските избори ќе им стане и на нив јасно што може да очекуваат две недели потоа на парламентарните избори, а само ќе биде потврдена победата на Силјановска-Давкова. Можеби вистинското прашање е да ги прашате овие кандидати што ќе прават во вториот круг, бидејќи во првиот ќе имаат само естрадна улога и ништо повеќе од тоа. Така што, дали ќе останат доследни измеќари на нивните работодавачи и во вториот круг ќе го поддржат, претпоставувам, Стево Пендаровски или, пак, можеби нешто друго ќе им кажат на своите гласачи. Така што, можеби тоа е вистинската тема со која треба да се занимаваме, што ќе прават овие луѓе во вториот круг – дали навистина ќе бидат опозиција, како што тврдат, или ќе продолжат да бидат опозиција на опозицијата и ќе го поддржат Стево Пендаровски доколку се квалификува во вториот круг“, изјави Мицкоски.

Претходна(ФОТО) За 4 часа, од 8 до 12 собрани 15 илјади потписи за Гордана Силјановска Давкова
СледнаПоскапеа овошјето и зеленчукот