ПОЧЕТНА СВЕТ Медведев: Прислушкуваниот разговор покажува дека Германија се подготвува за војна со Русија

Медведев: Прислушкуваниот разговор покажува дека Германија се подготвува за војна со Русија

423

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска оцени дека прислушкуваниот разговор на офицерите на Бундесверот за можен напад на мостот на Крим укажува дека Германија се подготвува за војна со Русија.

„Обидите разговорот на офицерите на Бундесверот да се прикаже како игра со ракети и тенкови е злонамерна лага. Германија се подготвува за војна со Русија“, изјави тој на својот канал Телеграм.

Според него, никој не знае дали политичкото раководство на Германија и самиот канцелар Олаф Шолц знаеле за разговорот меѓу германските офицери во врска со нападот на мостот на Крим.

„Меѓутоа, дури и да не го знаеле тоа, имало многу случаи во историјата кога војската одлучувала сама да почне војни или стимулирала такви иницијативи“, додаде рускиот политичар.

Рускиот државен канал РТ во петокот објави аудио снимка од приближно 30-минутен разговор, во кој, како што објавија медиумите, се слушаат четворица офицери на Бундесверот како разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета „Таурус“ и дали овие германски ракети технички се способни да го уништат Кримскиот мост.

Германското Министерство за одбрана ја потврди автентичноста на снимката од внатрешниот разговор на четворицата офицери на Бундесверот, а Федералната канцеларија за воено контраразузнавање ги иницираше сите неопходни мерки

ПретходнаРастат цените на становите и во внатрешноста – метар квадратен во Штип и за 1200 евра
СледнаСтрански државјанин пронајден мртов во Кисела Вода