ПОЧЕТНА СВЕТ Се стресе БиХ: Земјотрес ги разбуди жителите на Билеќа, почувствуван и во...

Се стресе БиХ: Земјотрес ги разбуди жителите на Билеќа, почувствуван и во Хрватска

128

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Билеќа, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил во 1 часот по полноќ, на 18 километри од Билеќа, на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван и во други градови во Херцеговина, како и во најблиските градови во Хрватска.

До утрово нема информации дали некаде е причинета значителна материјална штета.

ПретходнаЌе се зголеми сумата за поврат на ДДВ: Ковачевски најави дека ќе изнесува 3.000 денари
СледнаГазда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана