ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Реал тешко оштетен: Судијата свирна крај една секунда пред Белингам да даде...

Реал тешко оштетен: Судијата свирна крај една секунда пред Белингам да даде гол! (ВИДЕО)

456

Реал Мадрид одигра 2-2 против Валенсија на „Месталја“, но главниот судија Мансано е во центар на внимание затоа што им прекина акција на „кралевите“ на една секунда пред Белингам да даде гол за 3-2.

Валенсија имаше добар почеток на средбата, па погоди преку Дуро и Јаремчук за предност од 2-0, додека Винисиус во судиското надополнвуање на првиот дел намали на 1-2.

Бразилецот од редовите на Реал постигна и втор гол во 76. минута, по што вистинска драма се случуваше во завршницата од дуелот.

„Кралевите“ се обидуваа да стигнат до трет гол и секунда пред да го постигнат, судијата неочекувано реши да стави крај на натпреварот, иако веднаш потоа Џуд Белингам ја затресе противничката мрежа.

Овој потег на судијата предизвика нервоза кај гостинскиот состав, но и покрај протестите, резултатот остана 2-2.

ПретходнаЗа жал има жртви: Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Велес
Следна(ФОТО) За 4 часа, од 8 до 12 собрани 15 илјади потписи за Гордана Силјановска Давкова