ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ваковска и Јакимовски во битка – кој прв ќе дојде до 10.000...

Ваковска и Јакимовски во битка – кој прв ќе дојде до 10.000 потписи?

165

На Билјана Ванковска од Левица и недостасуваат уште 278 потписи за да влезе во претседателската трка, на Стевчо Јакимовски од ГРОМ му недостасуваат уште 735 потписи. Тие се и последните двајца кои се очекува да влезат во изборната трка за претседател на Македонија, заедно со Максим Димитриевски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Гордана Силјаноска-Давкова, Стево Пендаровски.

Останатите претенденти имаат од стотина до илјада потписи. Вело Марковски има 1196, Зорица Цветковска од „Десна“ има 148 потписи, Мерсиха Смаиловиќ има 1160 потписи, Ѓорѓи Манасков има 360 потписи, Господин Попоски има 86 потиси. Ова го покажува пресекот на ДИК, согласно евиденцијата до вчеравечер.

Потписи ќе се собираат до 8 март.

ПретходнаСтоле Димитриевски е сигурна опција за Барса со нула трошоци
СледнаГерманската влада ја зголемува хуманитарната помош за Газа за 20 милиони евра