ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Термин за пасош и возачка може да побарате електронски, а операторот ќе...

Термин за пасош и возачка може да побарате електронски, а операторот ќе ви се јави да го потврди

120

Министерството за внатрешни работи преку соопштение до јавноста утрово вели дека од денес термини за закажување на лични документи можат да се закажат електронски.

„Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок“, велат од МВР.

ПретходнаМНР најостро го осудува нападот во Газа
СледнаСтоле Димитриевски е сигурна опција за Барса со нула трошоци