ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пред убиството на Туша било запалено кафулето “Барон” по кое името го...

Пред убиството на Туша било запалено кафулето “Барон” по кое името го носи една од скопските банди

1003

Пред убиството на таткото на Гани Туша, ноќеска имало пожар во кафулето “Барон” во Чаир.

Името “Барон” го носи и криминалната група чиј припадник е сега притворениот Гани Туша, поради што се истражува и евентуална поврзаност на пожарот со убиството во Блаце каде е застрелан таткото на Туша, потврдија за Телма, полициски извори.

Пожарот бил пријавен рано утрово околу 4 часот по што едно возило на противпожарната бригада интервенирало и за околу 40-тина минути го изгаснало пожарот.

Доцна попладнево е најдено телото на 56-годишниот Туша во Блаце. Неговиот син Гани Туша е во притвор во Скопје под сомнежи дека учествувал во двојното убиство во Шиша бар и во убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик/Грчец.

Војната меѓу двете скопски криминални групи само минатата година резултираше со најмалку 4 убиени во пресметките и заседите во Скопје, Косово и Грција Со уличната гангстерска војна беа поврзувани и нападите врз Штекли во Ист гејт молот, како и повеќе убиства извршени во претходните 12 години. Мотивот за престрелките е борба за скопскиот нарко пазар, беа сомнежите на полицијата која на почетокот на годината направи акција за апсење на членови на групата Грчец.

ПретходнаСе случи чудо: Maкедонија ја победи Полска на гости
СледнаКаков ужас, какви луѓе можат да го направат тоа: Од сируп против кашлање починале дури 68 деца – осудени се 23 лица, хорор го потресе Узбекистан