ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хорор вечерва во Македонија: Свирепо убиство вечерва во Прилеп, младо момче избодено...

Хорор вечерва во Македонија: Свирепо убиство вечерва во Прилеп, младо момче избодено до смрт

2448

Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп, објави порталот Маркукуле.

Имено, како што дознава Маркукуле, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатницата.

-Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел „Скопје”, каде и починало. Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години и дека е од ромска припадност, пишува порталот.

Побаравме одговор од МВР за овој случај, одговорот ќе ги објавиме веднаш по добивањето.