ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Изгласан Законот за спорт, ќе има ваучери за спортистите

Изгласан Законот за спорт, ќе има ваучери за спортистите

50

Собранието на Македонија го изгласа новиот Закон за спорт, односно промените во делот на ваучер системот. Со 89 гласа „ЗА“ и ниту еден против беа усвоени промените во собранието.

Најважната промена во „ваучер системот“ е во делот за исплата на плати на играчите. Според новите промени е предвидено дека само 25% од парите од ваучерот може да се искористат за исплата на плати на странски спортисти. Со тоа клубовите ќе бидат приморани да се потпрат на домашниот производ и младите да добиваат шанси за развој.

„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување на финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели во објаснувањето на промените на Законот за спорт.

Федерациите се должни прелиминарната бодовна листа на клубови или спортисти да ја достават до први март до Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт. Потоа тие ја проверуваат и одобруваат, па последниот чекор е изработка на листа.