Новиот ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф сонува на клупата на „Олд Трафорд“ да го види Зинедин Зидан.
После три години откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.
Луѓе блиски до Французинот тврдат дека тој е одлучен во намерата на лето да започне нов проект во некој европски клуб.
Ретклиф во прв момент му изрази поддршка на Тен Хаг, но извори блиски до него тврдат дека Јунајтед на крајот од сезонава ќе го смени холандскиот стратег и ќе донесе нов тренер.
Негова најголема желба е токму Зидан и наскоро ќе стапи во контакт со Французинот да му го презентира новиот проект.