ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И Таравари влегува во претседателската трка – се пофали дека ги собрал...

И Таравари влегува во претседателската трка – се пофали дека ги собрал потребните потписи

81

Кандидатот за претседател на албанскиот опозициски сојуз се пофали дека во рекорден рок успеал да ги собере потребните потписи за поддршка на граѓаните за неговата претседателска кандидатура.

Тој во објава на „Фејсбук“ им се заблагодари на сите кои застанале зад неговата кандидатура.

Со тоа станува четвртиот кандидат кој сосигурност ќе ја трча претседателската трка заедно со неговите противкандидати, Бујар Османи, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова.

Една од главните негови заложби е во иднина претседателскиот кандидат наместо на избори да се бира во Собрание.

Неговиот противкандидат од албанскиот блок пак го обвини претходно дека ваквата идеја ја украл од нив.

Близу до собирање на неопходните потписи се и кандидатот и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, а веднаш по него е и професорката Билјана Ванковска.

Останатите кандидати кои се борат за поддршка да влезат во претседателската трка според последниот пресек на ДИК се уште се со помалку од 1.000 собрани потписи.

Собирањето на потписи ќе трае до 8ми март.

ПретходнаПолицаец нападнат пред угостителски објект во Скопје
СледнаКолкави плати ќе земаат функционерите ако им се намалат коефициентите за пресметка?