ПОЧЕТНА СВЕТ Голем шок за цела Европа: Русија ќе го забрани извозот на бензинот...

Голем шок за цела Европа: Русија ќе го забрани извозот на бензинот на шест месеци

559

Русија ќе воведе шестмесечна забрана за извоз на бензиот, која стапува на сила на 1 март. Целта на оваа мерка е да се одржи стабилност на цените среде зголемената побарувачка од домашните потрошувачи и земјоделци и да се овозможи сервисирање на рафинериите.

Премиерот Михаил Мишустин ја одобри мерката предложена од неговиот заменик Александар Новак, кој е првиот човек на Путин за огромниот енергетски сектор. Покрај членките на Евроазиската економска зона Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, забраната нема да се однесува и на Монголија, Узбекистан и отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија.

Цените на бензинот се чувствителна тема во пресрет на претседателските избори, што ќе се одржат од 15 до 17 март, додека некои руски рафинерии беа погодени и оштетени во украински напади со дронови во изминатите месеци.

Нафтата, нафтените деривати и гасот се најзначајните руски извозни производи и главен извор на приходи во странска валута. Во 2023, Русија произвела 43,9 милиони тони бензин, од кои 5,76 милиони тони биле извезени, односно околу 13% од производството. Најголемите увозници на рускиот бензин се африканските земји.