ПОЧЕТНА СВЕТ Каков ужас, какви луѓе можат да го направат тоа: Од сируп против...

Каков ужас, какви луѓе можат да го направат тоа: Од сируп против кашлање починале дури 68 деца – осудени се 23 лица, хорор го потресе Узбекистан

1828

Судот во Узбекистан осуди на затвор 23 лица, поради смртта на 68 деца кои починале откако конзумирале сируп против кашлица.

Обвинетите се прогласени за виновни за даночно затајување, продажба на неквалитетни или фалсификувани лекови, злоупотреба на положбата и овластувањето, небрежност, фалсификување и поткуп, објави Би-Би-Си.

Казните се движат од две до 20 години затвор. Контаминираните сирупи ги произведува индиската компанија Марион Биотек, а во Узбекистан ги дистрибуирала компанијата „Курамакс Медикал“. Синг Рагвендра Пратар, извршен директор на Курамакс Медикал, добил максимална казна од 20 години затвор.

Осудени се и поранешни високи функционери кои биле одговорни за лиценцирање на увозни лекови. Светската здравствена организација (СЗО) минатиот јануари објави дека два сирупа против кашлица на Марион Биотек не ги исполнуваат стандардите, откако 18 деца во Узбекистан починале откако го конзумирале сирупот.

Марион Биотек во тоа време ги отфрлил обвинувањата и за Би-Би-Си изјави дека не се согласуваат со наодите на СЗО. Производството на сирупот подоцна било суспендирано од индиското Министерство за здравство, а лиценцата на компанијата била суспендирана од Одделот за безбедност на храна во индиската држава Утар Прадеш. Но, во меѓувреме загинаа повеќе деца.

Судот одлучил семејствата на 68-те загинати деца да добијат по 80.000 долари отштета. Иста сума ќе добијат и семејствата на четири деца кои станале инвалиди по конзумирање сирупот против кашлица.

ПретходнаПред убиството на Туша било запалено кафулето “Барон” по кое името го носи една од скопските банди
СледнаСДСМ се фали со покачување на минималната плата – Мицкоски: Некогаш четврт бурек со јогурт беше 50 денари, сега е 120