ПОЧЕТНА СВЕТ Две години од војната во Украина – дали Русија ќе тргне кон...

Две години од војната во Украина – дали Русија ќе тргне кон Балканот?!

244

Две години од војната во Украина. Две години поминати во борба за опстанок, страдање, болка.. На денешната конференција „Украина-две години хероизам“, присутните нагласија дека војната не е само против Киев, туку и против демократскиот свет и НАТО.

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир посочи дека изминативе две години биле исполнети со исполнети со борба, отпор, гравитирање, ракетен терор од страна на Русите. Вели, заканата од Русија продолжува..

„Украина апелира до партнерите да ја зајакнат одбранбената поддршка, ни треба оружје, заедничко производство на оружје за одбрана. Треба да ги прошириме одбранбените коалиции за да обезбедиме безбедност. Неопходно е да се зајакнат санкциите против руската федерација и да се спроведат, особено, за да нема индиректно финансирање на производството на ракети кои летаат над главите на Украинците и ја палат украинската земја.“ – изјави Лариса Дир амбасадорка на Украина во РСМ.

Претседателот Стево Пендаровски, посочи дека војната во Украина е најголемата закана за мирот и за европската безбедност.

„Војната за слобода која Украина ја води денес е за праведна кауза, во името на сиот демократски и цивилизиран свет кој мора да продолжи да помага се до целосното ослободување на Украина-затоа што во таа борба сите ние немаме право на пораз. Оваа војна е најголемата закана за мирот и европската безбедност, чиј исход ќе влијае врз поредокот, не само на нашиот континент туку и во меѓународните односи во годините што доаѓаат.“- изјави Пендаровски.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, потенцираше дека Македонија ќе ја подджува Украина и понатаму.

„Две години смрт, деструкции и човечки страдања. Две години, агресија во Европа во 21 век и две години обиди за руско минирање на демократиите и демократските процеси низ Европа. Две години херојство на украинскиот народ и раководството на Украина, две години издржливост и отпорност.“ – изјави Османи.

Изминативе две години војната однесе илјадници жртви, од населението создаде милиони бегалци низ цела Европа и предизвика разорување на целата земја, а неизбежно е и индиректното влијание на глобалната енергетска и економска криза.

Претходна(ВИДЕО) Нокаут со колена: Борба на српски и косовски кик боксер
СледнаСе случи чудо: Maкедонија ја победи Полска на гости