ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ванковска: Ќе се помирам дека еден Бујар прв ќе собере потписи, а...

Ванковска: Ќе се помирам дека еден Бујар прв ќе собере потписи, а веројатно и Таравари – пред мене

106

Ќе се помирам дека еден Бујар прв ќе собере потписи, а веројатно и Таравари, ама ќе дочекам 10.000 и 8 Март ќе го прославам како да сум Роза Луксембург.

За два дена сторивме многу, ако го искористиме и денешниот неделен ден, ќе бидеме пред целта. Не го оставајте за утре она што можете да го направите денес. Ако имате каков било проблем со снаоѓање или транспорт, јавете се.

Веќе реков, чекорејќи со Левица и сите други кои веруваат дека сме на. вистинската страна, нема да влеземе во Гинисовата книга на рекорди, но ќе ми дадете еднаква можност за вистинска битка со наводните фаворити. Едвај чекам да се соочам со нив. А вие ќе одлучите кој ќе биде гласот на народот!

Ниту една национална телевизија ме нема покането на кусо интервју, иако прва објавив намера за кандидатура. Видовте веќе неколкумина што ги фаворизираат, но нека. Ќе ме игнорираат сѐ додека Законот не им наложи да не третираат како еднаква. Но, ќе знам што да кажам и како да ви покажам дека јас не користам празни зборови.

Искористете го неделниот ден!

ПретходнаГолема тага вечерва во Македонија – почина еден од најпознатите бизнисмен
СледнаОд следниот месец и покачување: Сега доаѓаат пензиите, датумот на исплата е познат