ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Брутален нокаут: Волкановски остана без појасот (ВИДЕО)

Брутален нокаут: Волкановски остана без појасот (ВИДЕО)

557

Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски остана без појасот во лесната категорија (до 66 килограми) откако изминатата вечер на главната борба на УФЦ 298 претрпе нокаут од Грузиецот Илија Топуриа.

Во „Хонда центарот“ во Анахајм победникот беше решен во втората рунда.

Топурија беше подобар од самиот почеток, а со десно кроше во втората рунда стигна до посакуваниот појас и го задржа статусот непоразен и по петнаесеттата борба.