ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Си оди од Македонија: Ременски оди надвор од државата – таму ќе...

Си оди од Македонија: Ременски оди надвор од државата – таму ќе живее и работи

770

На 13-ти февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Фросина Ременски.

Потписник на оваа одлука е вицепремиерот на Владата, Фатмир Битиќи.

Фросина Ременски од политичките функции, покрај пратеничката, ја извршуваше и функцијата потпретседател на Собранието.

Шест години беше еден од потпретседателите на СДСМ, а ја извршуваше и функцијата министер за труд и социјална политика. Редовен професор е на Факултетот за безбедност – Скопје.