ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тошковски наредил внатрешна контрола да испита како постапила полицијата во случајот со...

Тошковски наредил внатрешна контрола да испита како постапила полицијата во случајот со Вања и Панче

785

Љупчо Палевски Палчо според најавите од правда, наскоро треба да слета во Македонија, а Обвинителството не дава конкретен одговор до каде е истрагата за убиствата на малата Вања и велешкиот фризер Панче. Засега е непознато кој е клучниот материјален доказ на Обвинителството, до каде се вештачењата и што открила обдукцијата за истражните органи да тврдат и го обвинат Палевски дека е ладнокрвен убиец. ОЈО стои на ставот дека истрагата е во согласност со законските рокови без разлика на интересот на јавноста која чека одговори на многу прашања.

Истрагата е во тек и се води согласно сите законски рокови. Во континуитет се преземаат истражни дејствија, велат од ОЈО.

Од Министерство за правда информираат дека е договорено екстрадицијата да се случи во најкус можен рок, а други детали не смеееле да даваат за да не се налутеле колегите во Турција. Министерот Кренар Лога уверува дека завршил работа со турскиот колега, но не е прецизен што договорил.

Се што излегува на Интернет се невистини преку кои некој бара внимание. Ние дискутаравме и со колегата. Има постапка која е почитувана од двете страни. Се друго е магла, вели Кренар Лога, министерот за правда.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски побара нова истрага. Тој веќе назначил и двајца началници да ја предводат обновената истрага. Новиот мнистер се сомнева дека полицијата лошо постапувала во целиот процес.

14 годишната Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување, е застрелана. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда и Горно Оризари. На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето на Вања.

За овој случај осомничени се шестмина. Освен Палевски во притвор е неговиот адвокат кој му помогна да избега, таткото на малата Вања и неговите сопартијци од „Десна“.

ПретходнаГолема трагедија кај Стража, најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени
СледнаМакедонија завиена во црно: Познати деталите за несреќата во која загинаа две лица, а пет се тешко повредени