Трговскиот Центар Ист Гејт Мол продолжи со работа од 13 часот.
Затворен останува делот за брза храна кој ќе биде затворен за посетители и деловна дејност.
Пожарот избувна утрово во 9.35 часот во делот кај рестораните во трговскиот центар, пришто запален бил еден од вентилациските канали, а вработените и посетителите беа евакирани.
Повредени лица нема, а причинета е материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.