ПОЧЕТНА ЗАБАВА “Ист Гејт Мол“ повторно е отворен за посетители по пожарот, но без...

“Ист Гејт Мол“ повторно е отворен за посетители по пожарот, но без еден дел

128

Трговскиот Центар Ист Гејт Мол продолжи со работа од 13 часот.

Затворен останува делот за брза храна кој ќе биде затворен за посетители и деловна дејност.

Пожарот избувна утрово во 9.35 часот во делот кај рестораните во трговскиот центар, пришто запален бил еден од вентилациските канали, а вработените и посетителите беа евакирани.

Повредени лица нема, а причинета е материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.