Полициски службеник вчера бил физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар од М.Т. (34) кој бил приведуван.
„Вчера во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Т.(34) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.