ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дали тоа се пријатели: Албанија и Косово признаваат и стари документи –...

Дали тоа се пријатели: Албанија и Косово признаваат и стари документи – граѓаните со свои реакции (ВИДЕО)

318

За излез од Македонија некои граѓани подготвени со нови документи, некои пак тргнале на пат без Северна Македонија во лична карта. Едни граничари построги, други пак пропуштаат патници.

На граничниот премин Блаце за влез во Косово, и македонските и косовските гранични служби пропуштаат македонски патници со лични документи без новото уставно име, бидејќи така им било кажано од косовските институции.

Со старите лични карти некои на граница си ја пробуваа среќата дали ќе ги пуштат, други пак веќе добиле информација и дека без Северна Македонија ќе може да влезат во Косово.

Но ситуацијата на Табановце поразлична.

Денеска на граничниот премин Табановце, српските гранични служби не пропуштаа македонски патници и возила коишто не поседуваат документи со новото уставно име.

Дел од патниците ги обезбедиле новите документи за на пат, други пак пробуваа да излезат од Македонија со стари лични карти.

Имаше и македонци кои доаѓаа од странство, што воопшто и не знаеле дека од денеска стапува на сила обврската од Преспанскиот договор.

Но и со стар пасош и лични карти, без никаков проблем влегоа во Македонија.

Без Северна Македонија во лична карта, покрај Косово, може да се влезе и во Албанија.

Според информациите на МВР:

На сите гранични премини на 13.02 од 00.00 часот до 12.00 часот, излез оствариле 28.761 патници (од нив 12.928 македонски државјани), додека влез во РСМ оствариле 32.886 патници ( 10.282 македонски државјани)

Испративме прашања до министерствата за внатрешни и надворешни работи во Србија и Бугарија дали ќе може нашите граѓани да влезат во двете земји со личните документи каде стои само Република Македонија, но одговор не добивме.

ПретходнаВозило на МВР удри во жена
СледнаКој си е како нив: Овие граѓани утре на своите сметки добиваат уште една плата – позната и причината