ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Серија апсења на повеќе локации низ Македонија, МВР со детали

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија, МВР со детали

423

Денеска (12.02.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.02.2024 во 19.50 часот на ул.„Индустриска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода три лица, сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2024 во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода лице(27) од село Бориево, струмичко, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2024 во 14.50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода лице(25) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид дал фалсификувана косовска возачка дозвола. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПретходнаНова лоша вест за граѓаните на Македонија: Од полноќ ново поскапување на горивата
СледнаВозачките дозволи ќе важат уште десет месеци до крајот на годината