ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пендаровски: Никој не смее да биде казнет, барам Собранието да донесе одлука...

Пендаровски: Никој не смее да биде казнет, барам Собранието да донесе одлука за важење на возачките дозволи

266

„Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот“, пишува доцна вечерва претседателот Стево Пендаровски кој додава дека ги следи реакциите на загрижени граѓани кои и лично го контактирале вечерва.

„Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои што учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање.

Како што кажав и пред неколку седмици, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок“, бара Пендаровски.