ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Метеж за вакцинација против голема кашлица пред скопските поликлиники

Метеж за вакцинација против голема кашлица пред скопските поликлиники

78

130 деца вчера, а денеска само утринава околу 50 се вакцинирани против голема кашлица се само денес на вакциналниот пункт во скопската поликлиника „Букурешт“

– Главно се деца поголеми, кои заборавиле или пропуштиле да се вакцинираат навреме. Вчера беше најинтензивно, но има и денес интерес, рече доктор Сања Целевска Младеновска од „Букурешт“.

Редици и гужви за пропуштените вакцини имаше и во „Јане Сандански“. И бебиња и поголеми деца чекаа за Ди-Те-Пер, а некои и прв пат се најдоа пред педијатрите.

Ширењето на опасната голема кашлица, но и барањето на потврди во градинките ги исплаши родителите .

,,Родителите масовно ги носат децата. Се наоѓаме пред пунктот во поликлиниката Јане Сандански каде имаме и саботно дежурство. Најмногу се за Ди-Те-Пер, односно, да се надомести се она што е пропуштено”, вели д-р Даниела Марковска од пунктот за имунизација во Јане Сандански

Според податоците, тројно зголемен е интересот за вакцинација со ДТПР на вакциналните пунктови. Дел од родителите беа на редовна вакцинација на своите деца, но најголемиот број се деца од 2 до 6 години за пропуштена ревакцинација, која според вакциналниот календар задолжително се прима на 18 месеци.

Комисијата за заразни болести пред четири дена му предложи на Владата да се прогласи епидмија на голема кашлица во Скопје, но реакцијаи натаму сеуште нема.

Комисијата препорача забрана за прием на деца невакцинирани за пертусис во градинки. Со овој потег се очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е на заштита на најмалите. Големата кашлица може да биде особено тешка болест за најмалите.