ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ситуацијата е со подраматична, по упадот на непознати лица и нападот на...

Ситуацијата е со подраматична, по упадот на непознати лица и нападот на вработени: Вонредна седница на Владата за разрешување на директорите на М-НАВ, бара ДС

90

После неколку мега афери во М-НАВ,денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање, реагираат од Демократскиот сојуз по нападот на вработени во компанијата.

„За да се спречат можни катастрофални последици бараме Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ.

Го повикуваме раководството на МВР,да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.

Со ваков криминалнестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде,уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма“, велат од Демократскиот сојуз.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни

ПретходнаМВР со детали: Еве што се случувало во М-НАВ, полицијата веднаш реагираше
СледнаМВР во засилена акција вечерва – познати се напаѓачите во М-НАВ, се бараат и сите ќе одговараат!