Кога веќе се дозна јавно дека кандидат на ДУИ за претседател на државата ќе биде Бујар Османи, би сакале да ја потсетиме јавноста, кој е всушност овој кандидат и колку заслужува да биде кандидат, а камоли избран претседател на Северна Македонија, велат од Европскиот сојуз за промени
„Можеби некој и заборавил, но оние што ги следат настаните кај нас добро се сеќаваат на Бујар Османи како министер за здравство на Владата на Груевски во 2008 – 2011 година. А негов единствен успех во тие години беше ‘најкорумпираниот албански министер досега’. Тој е единствениот албански функционер кој бил предмет на специјалното јавно обвинителство за предметот ‘Пациент’, кој, кога му требаше на СДСМ во 2017 година, се измолкна. Меѓутоа, иако шајките се отстранети, трагите остануваат“, велат од Европскиот сојуз за промени.
Од тука го прашуваат Бујар Османи што е сторено со предметот „Пациент“ и каде завршија парите од тој предмет.
Освен ова, велат од партијата, ако веќе се одлучил да се кандидира за претседател, тој ѝ должи на јавноста да одговори на следниве прашања: „Дали е вистина дека респираторите за време на пандемијата Ковид-19 биле купени преку руска компанија и каква неговата поврзаност со оваа компанија?“ и „Каква е неговата поврзаност со компанијата што увезувала маски за време на пандемијата Ковид-19 и дали побарал од сите институции да ги користат тие маски?“.
„Кандидат за претседател и министер чиј најчест збор во неговата патетична реторика е зборот „евроинтеграција“, мора да одговори на овие прашања доколку сака да ја добие довербата од граѓаните. Додека Бујар Османи не одговори на овие прашања, повеќе за јавноста отколку за нас, бидејќи ние ги знаеме точно тие одговори, би сакале да ја информираме јавноста дека и во наредните денови ќе имаме неколку појавувања со кои пациентот на Груевски, Бујар Османи, ќе стане уште попознат за граѓаните на нашата земја“, додаваат од партијата.
Од ДУИ нема потврда дека Османи ќе биде нивниот претседателски кандидат. Од партијата се уште не откриваат ниту дали на претседателските избори ќе настапат сами или ќе одат во некоја коалиција со СДСМ и останатите партии.