ПОЧЕТНА СВЕТ Најстарата жена на светот почина на 125 години

Најстарата жена на светот почина на 125 години

72

Најстарата жена во Иран почина на 125 години, покажуваат податоците од нејзините лични документи, јавија денеска локалните медиуми, пренесува „Бннбрејкинг“ (bnnbreaking).

Нејзиниот статус на најстара жена во светот, сепак, не е признаен од Гинисовата книга на рекорди.

Масумех Санеи Тороги, родена на 23 септември 1898 година, починала во понеделникот во Машхад, североисточен Иран, пренесе телевизијата, која објави фотографија од нејзината лична карта.

Иранката, се верува, дека починала на постара возраст од Французинката Жан Калмент, која официјално се смета за најдолговечната личност во историјата, бидејќи починала во 1997 година на 122-годишна возраст.

Причината за сомневање во веродостојноста на информациите за „новата“ најстара жена во светот е тоа што Иран почнал да издава документи од матичните книги дури во 1918 година, односно цели 20 години по раѓањето на Масумех Санеи Тороги.

Според Гинисовата книга на рекорди, во моментот најстара жена во светот е Марија Брањас Морера од Шпанија, која на 4 март ќе го прослави својот 117 роденден.