ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лошите вести брзо се проширија: На детската клиника во Скопје е хоспитализирано...

Лошите вести брзо се проширија: На детската клиника во Скопје е хоспитализирано бебе со голема кашлица – грипот зема замав

1189

Комисијата за заразни болести денеска ќе има средба на која ќе се разговара за актуелната состојба за сите заразни заболувања, не само за големата кашлица и за сезонскиот грип. Според здравствените власти, пикот на грипот се очекува да биде кон крајот на месецов и почетокот на март, пренесе Фактор.мк

Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести, во изјава за Фактор вели дека бројките на заразени со инфлуенца се во пораст.

-Според извештаите и секако во изминативе 13 години пикот на грипот е кон крајот на февруари и почетокот на март. Ќе видиме годинава како ќе биде, но го очекуваме токму тогаш. Сега дефинитивно извештаите покажуваат дека случаите на грип се во пораст, односно дека има зголемување на бројките. Во овој момент, се наоѓаме на границата помеѓу ниска и средна активност на вирусот на грип, не сме влезени во зоната на висока активност. Грипот се уште не го земал замавот, вели д-р Мехмедовиќ.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 8 починати лица асоцирани со грип, три од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и три од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осумте лица е докажан Influenza А(H1)pdm09. Само во последната недела од јануари починаа две млади лица, еден пациент на 20 годишна возраст и еден на 36 годишна возраст.

Што се донесува пак до големата кашлица, досега има 11 пациенти кај кои е детектирана оваа болест.

Извори на Фактор брифираат дека на Клиниката за детски болести минатата недела, односно во четвртокот е хоспитализирано бебе со пертусис. Малечкиот пациент е на 4-5 месечна возраст, но изворите на Фактор велат дека овој случај сакале да го прикријат.

Целиот текст на Фактор.мк – клик ТУКА.