ПОЧЕТНА ЗАБАВА Кој си ги загуби парите: Во куфер на аеродром во Минхен се...

Кој си ги загуби парите: Во куфер на аеродром во Минхен се пронајдени 1,4 милиони евра

495

На крајот на декември при безбедносна проверка на аеродромот во Минхен, цариниците во куфер пронајдоа вкупно 1,4 милиони евра. Како што пренесува Феникс-магазин, вработени во безбедносната компанија го прегледале куферот, што е рутинска мерка, и ги забележале банкнотите.

Компанијата за обезбедување веднаш ја известила аеродромската царина, која ги преброила парите и дошла до „неверојатно висока сума“ од 1,4 милиони евра.

„При заминување од земја надвор од ЕУ, сите суми над 10.000 евра мора да се пријават на царина“, вели портпаролот на царинската истражна канцеларија.

Човекот со куферот се обидел да се качи во авионот, но истражителите го дознале неговиот идентитет од багажот и го запреле.

На барање на јавниот обвинител, истражниот судија на окружниот суд во Ландшут наредил одземање на готовината. На мажот му биле одземени два мобилни телефони и му е одредена мерка притвор.

Истиот ден, инспекторите извршиле претрес во станот на 44-годишниот маж во областа Фурстенфелдрук. Таму нашле готовина и машина за броење пари.