ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Врие од полиција на Онкологија – познато е што се случува во...

Врие од полиција на Онкологија – познато е што се случува во моментот таму

8005

Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомненија дека се дел од аферата Диво месо, познат во јавноста како скандал онкологија.

Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја почна екс министерот Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.

Според нашите информации, претреси се веќе направени кај Н.Н., Е.Џ. и Н.В.. Претреси имаше и пред неколку месеци, по што обвинителството отвори предистражна постапка. Во текот на денот очекуваме информации од обвинителството за денешните претреси.

Претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомненија дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија.

Станува збор за најголемата здравствена афера во која се вклучени вработени на клиниката за онкологија, кои наместо да ги лекуваат пациентите, им давале физиолошки раствори, а лековите ги препродавале на црниот пазар.

Во септември обвинителството отвори предистрага, која до ден денес нема никаков епилог.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан:

ПретходнаЛоша е веста која се прошири во Македонија: Почина 20-годишна девојка, позната и причината
СледнаУДАРНА ВЕСТ: Уапсен е познат лекар – поранешен директор, ова е неговиот идентитет