ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонија доби премиер попаметен од Ајнштајн – барем така тврди Нешат, братот...

Македонија доби премиер попаметен од Ајнштајн – барем така тврди Нешат, братот на Талат Џафери

214

Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем – вели во изјава за косовската телевизија „Клан“, Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери

„Знаев дека ќе биде изгласан затоа што не ги остава работите на половина“, вели Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери, кој од семејниот дом го следеше изборот на техничката влада, а на гости му беше екипа од косовската телевизија „Клан“.

Според Нешат Џафери, неговиот брат Талат Џафери, со посебна посветеност ги завршува обврските, без разлика дали има неразумни пречки од други партии или пратеници.

Тој вели дека Талат секогаш наоѓа правилен и реален пат за подобар соживот на народите во Македонија, без разлика на која нација или вера припаѓаат.

Понатаму, Нешат додава дека брат му не одмора дури и кога доцна се враќа дома, но затоа цени дека е искусен и има капацитет да ја води државата.

„Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем“, вели Џафери.

Со 65 гласа „за“ и 3 „против“, Собранието денеска ја изгласа техничката влада, по речиси двочасовна пленарна дискусија. Премиер во преодната влада е Талат Џафери од ДУИ.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан: