ПОЧЕТНА СВЕТ Вучиќ: Најважно е да изградиме што е можно поблиски односи со Македонците

Вучиќ: Најважно е да изградиме што е можно поблиски односи со Македонците

230

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера по Академијата Св. Сава во Скопје порача дека Србите и Македонците треба да градат што е можно поблиски односи.

„Мислам дека најважно е ние и Македонците да градиме што е можно поблиски односи, да немаме поблиски. Ништо не бараме, ги сакаме нашите браќа и сестри Македонци и верувам дека овој договор, кој стапува на сила на 1 март, за заедничките работни дозволи и единствениот пазар на труд ќе придонесе за уште поблиска соработка“, изјави Вучиќ пред новинарите.

Тој посочи дека за Експо ќе бидат потребни и македонски компании.

„Заедно, да работиме и да заработуваме и да ги градиме Србија и Северна Македонија, а што се однесува до зачувувањето на нашиот јазик и писмо, мислам дека се што правиме дава резултати. Го видовте ентузијазмот на нашиот народ вечерва. На сите им го честитам празникот Свети Сава, најголем на сите Срби“, рече Вучиќ.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

ПретходнаКаков шок, Чави потврди: Заминува од Барселона!
СледнаЃорѓе Давид замина од Македонија – тој веќе е во Србија: Откри што прво ќе направи