Пејачката Соња Тарчуловска, ѝ посвети трогателни зборови на својата неодамна почината мајка
Имено таа на својот профил на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија и се со емотивни зборови се прости од својата мајка која неодамна го напушти овој свет.
„Да знаев дека тоа е твојата последна ноќ од животот, да ти кажев уште нешто, ќе молев да не одиш да ми кажеш како да живеам без тебе… ?
Затоа што на се друго ти ме научи. Знам колку изгубив затоа што те немам, затоа што се трудам да живеам на таков начин за да бидам достоjнa за тебе МАМО се додека јас дишам ке бидеш во моите молитви.
Мајко животот без тебе е вечна потрага по нежност. НЕДОСТИГАШ 40 дена и цел живот…“ – стои во описот на фотографијата.