ПОЧЕТНА ЗАБАВА Ѓорѓе Давид замина од Македонија – тој веќе е во Србија: Откри...

Ѓорѓе Давид замина од Македонија – тој веќе е во Србија: Откри што прво ќе направи

1469

Познатиот српски музичар и актер Ѓорге Давид ја напушти Македонија и најави дека во Белград ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за сообраќајната несреќа во која што и тој беше вклучан, а што се случи во близината на граничниот премин Табановце, кога една жена загина.

Во несреќата загина 49-годишна жена кога по судир на нејзиното и друго возило, таа излегла од својот автомобил, а по автопатот наишло возилото на Ѓорѓе Давид кое удрило во жената.

Тој беше задржан од македонските власти до расчистување на случајот, а самиот имаше дадено изјава дека станува збор за несреќен случај, за судир на две возила во услови на магла и неочекувано движење на жената по автопатот. Рече и дека возел со дозволена брзина и дека немал во себе алкохол или недозволени средства.

Медиумите во Србија објавуваат дека поради несреќата во Македонија сега многумина дознаа дека познатиот пејач се презива Николиќ, а не Давид кое му е уметничко име.

Пејачот беше и член на некогаш познатата рок-група Генерација 5, а потоа се посвети на своја рокерска кариера, како и на филмски улоги, додека многумина го препознаваат како член на жири на шоу за избор на таленти.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

ПретходнаВучиќ: Најважно е да изградиме што е можно поблиски односи со Македонците
Следна„Да знаев дека тоа е твојата последна ноќ од животот, да ти кажев уште нешто“ – Соња Тарчуловска скршена од болка, се прости од својата мајка