ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Денес во никој случај не излегувајте без чадор: Ќе врне дожд

Денес во никој случај не излегувајте без чадор: Ќе врне дожд

672

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени, информираат од УХМР

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во недела исто така ќе се задржи променливо облачно и постудено. На планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.