ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Голем шок за сите: Албанската опозиција најави – нема да одиме на...

Голем шок за сите: Албанската опозиција најави – нема да одиме на избори, ако ОВОЈ наш услов не се испочитува

214

Албанската опозиција нема да учествува во изборниот процес доколку не го добијат членот во ДИК

Албанската опозиција е подготвена да не учествува во изборниот процес доколку продолжат опструкциите и не го добијат членот во ДИК што им следува со закон. Потпретседателот на Беса Блерим Сејдиу, во интервју за Алсат рече дека ќе се носат заеднички одлуки за понатамошното дејствување.

„Нашите позиции досега се јасни. Нема да учествуваме бидејќи течат законските приговори и одбивања. Доколку продолжат и не одбијат до крај, ќе ја известиме јавноста за нашите следни чекори. Не би сакале други сценарија во Македонија зашто се знае дека сме земја која се подготвува за влез во ЕУ“, рече Блерим Сејдиу, потпретседател на Беса.