Албанската опозиција нема да учествува во изборниот процес доколку не го добијат членот во ДИК
Албанската опозиција е подготвена да не учествува во изборниот процес доколку продолжат опструкциите и не го добијат членот во ДИК што им следува со закон. Потпретседателот на Беса Блерим Сејдиу, во интервју за Алсат рече дека ќе се носат заеднички одлуки за понатамошното дејствување.
„Нашите позиции досега се јасни. Нема да учествуваме бидејќи течат законските приговори и одбивања. Доколку продолжат и не одбијат до крај, ќе ја известиме јавноста за нашите следни чекори. Не би сакале други сценарија во Македонија зашто се знае дека сме земја која се подготвува за влез во ЕУ“, рече Блерим Сејдиу, потпретседател на Беса.