Aеродромот во Франкфурт беше најтешко погоден, каде што беа откажани 570 од 1.047 лета.
„Поради најавените временски услови, на 17 јануари ќе има откажување летови на аеродромот во Франкфурт, што се очекува и на 18 јануари“, се вели во соопштението на портпаролот на аеродромот во Франкфурт. Погоден е и аеродромот во Минхен, каде што се откажани 254 летови.
На западот на Германија беше затворен аеродромот „Забрикен“, а доцнења и откажувања летови се забележани и на аеродромите во Диселдорф и Келн. Откажувањата се очекува најмногу да ја погодат Lufthansa, која има свои бази на аеродромите во Франкфурт и Минхен.
Поради екстремните временски услови, во прекин беше и железничкиот сообраќај во Германија, а државниот оператор Deutsche Bahn предупреди на доцнење и откажување. Компанијата откажа неколку меѓуградски линии и објави дека максималната брзина на возовите е ограничена на 200 километри на час.
Локалните власти претходно соопштија дека невремето однело и жртва кога 86-годишен маж загинал кога бил удрен од автомобил додека го чистел снегот од тротоарот, а една жена, која возела, добила полесни повреди.