ПОЧЕТНА СВЕТ ТРАГЕДИЈА: Српска пејачка загина во Дубаи – паднала од 24 кат

ТРАГЕДИЈА: Српска пејачка загина во Дубаи – паднала од 24 кат

151

Српската пејачка Андријана Лазиќ загина во страшна трагедија што се случи на 10 јануари, кога во Дубаи падна од зграда од 24 кат.

Оваа млада пејачка од Бјелина, Република Српска, на 7 јануари заминала во Дубаи, со пријателки, а таа починала три дена подоцна, дознава Телеграф.рс.

Според извори, Андријана била на почетокот на својата пејачка кариера, а пред да замине на патување снимила две песни кои наскоро треба да ја видат светлината на денот.

Исто така, Лазиќ е дипломиран правник, вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.