ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СНЕГ и во Македонија ова утро – еве на кои места

СНЕГ и во Македонија ова утро – еве на кои места

103

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка и Стража, соопшти ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.