ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Партијата ДЕСНА го разреши Палчо – од денес имаат нов претседател: ЕВЕ...

Партијата ДЕСНА го разреши Палчо – од денес имаат нов претседател: ЕВЕ КОЈ

130

Љупчо Палевски – Палчо веќе не е претседател на политичката партија „Десна“. Ова следува откако Обвинителството соопшти дека тој е осомничен дека ги извршил убиствата на Вања Ѓорчевска и Палче Жежовски.

На местото од Палевски, како претседател на партијата сега е избран Тони Алексовски, тој заедно со Палевски е меѓу основачите на партијата.

Иако имаше јавни повици од страна на премиерот и министерот за внарешни работи за укинување на партијата, сепак се уште нема иницијатива за такво нешто. Од партијата ова го сметаат како закана.

„Десна цврсто и решително продолжува по промакедонскиот курс, преку спроведување на редовните партиски активности, во прв ред борбата за зачувување на името и статутот на МПЦ – ОА, иницијативата за Референдум за раскинување на штетниот антимакеонски Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и подготовка за претседателските и парламентарни избори“, велат за Сител од партијата Десна.

Извор: 4news.mk